Тешко нас со овие шокови од Викторијас Сикрет

Таман ќе се навикне човек...

Гледавте ревија на Викторијас Сикрет? Ја испратија Адријана Лима, трогателно беше.

Него, имаше неколку изјави од луѓето што посветено работат зад сцените, па така освен што The Cut позбореле со шминкерката, се обратиле и до фризерот, Ентони Тарнер, кој се грижи девојките да изгледаат така како што изгледаат, а косата да им биде „совршен микс од секси, лесна, сјајна, со волумен.” Но, како што ќе каже Тарнер, во 2018-та наводно е поинаква.

„Оваа година, косата е најнесредена досега,” ќе каже, значајно.

Ух, што ли е новото?

За да се собереме од новитетите, ќе пробаме од почеток, да видиме како од 2008-ма навака еволуираше косата на девојките од Викторијас Сикрет:

2008 Сјајни бранови со патец на средина

2009 Сјајни бранови со патец на средина

2010 Сјајни бранови со патец на средина

2011 Сјајни бранови со патец на страна

2012 Сјајни бранови со патец на средина

2013 Сјајни бранови со патец на средина

2014 Сјајни бранови со патец на средина

2015 Сјајни бранови со патец на средина

2016 Сјајни бранови со патец на средина

2017 Сјајни бранови со патец на страна

2018 Сјајни расчешлани бранови со патец на средина

Како ли само ќе се навикнеме, па уште иде 2019-та, па коа ќе сменат, па тешко нас.

12 ноември 2018 - 08:00