„Татковците“ не се само прифатливи - за некои жени се и секси. Ова почна како вирален тренд околу 2010 и едно истражување открива дека 75% од испитаниците претпочитаат dad bod, наспроти традиционално тонираното машко тело. За жал, mom bods не се ни блиску до вакви мнозинства.
„Dad bods не е само толерирана појава - фалена е во нашето општество… Но од моментот кога една мајка ќе роди, постои плетора од пораки што сакаат да кажат дека за да се опорави како што треба, мора „да се врати назад“ на тежината што ја имала пред бебето,“ вели Џенифер Волкин, психолог со пракса во Њујорк. „И наместо да биде ставена на пиедестал што родила човечко суштество, една мајка треба да трпи критики за нејзиното тело.“
Експертите велат дека овој двоен стандард потекнува од идејата дека, за разлика од женственоста, мажественоста не се дефинира според убавина.
Нашето општество вреднува физичка привлечност, но културолошката конструкција на женственоста става цена на убавината, што се смета за интегрален аспект на тоа да се биде жена или девојка. Истражувања покажуваат и дека убавината е посуштинска за женските, наспроти машките родови улоги и големината на телото е порелевантен фактор за себевреднувањето кај жените.
Наспроти ова, имаме тенденција повеќе да им простуваме на мажите што скршнуваат од доминантните стандарди за машката привлечност, затоа што помал акцент се става на тоа како изгледаат, а повеќе на тоа колку се паметни, колку се атлетски и дали заработуваат за издржување на семејството.
Според психолозите, некој со „тело како татко“ може нема дефинирани стомачни и бицепси, но сепак може да биде атрактивен затоа што неговиот изглед имплицира дека „целосно и безрезервно е посветен на семејството. Дека нема време да вежба за да дојде до извајана фигура и дека има друга работа освен теретана.“
Наспроти ова, и за жал, кога ќе видиме „тело како на мајка“, првото што ни паѓа на памет е „дека е мрзлива и уште не ослабнала по породувањето.“
Ова не значи дека жените се единствените жртви на нереалните стандарди за убавина денес - и мажите се справуваат со притисокот за сикс-пек и мускули, а за примери што треба да ги следат им се наметнати „Најсекси мажите на светот“ како Мајкл Б. Џордан и Крис Хемсворт.
Сепак, доминантните женски идеали за слабост (ама не многу слаба!) се тешки за предизвикување, во општество што ги наградува жените што се конформираат, а ги казнува тие што отскокнуваат. Има и истражувања што покажуваат дека клинички гојазни жени се на повисок ризик од дискриминација при вработување, вербално и социјално малтретирање и презир.
За среќа, движењата за позитивност и неутралност во однос на телото прават промени и многу инфлуенсери ги користат своите платформи да покажат искрен поглед на нивните породени тела, спротиставувајќи им се на ругачите кои предлагаат хируршки зафати на стомак.
„Социјалните мрежи даваат платформа за тие што сакаат да зборуваат против дебелофобија, привилегија на слабите и други штетни пораки… и се надевам дека ова ќе продолжи,“ вели Волкин. „Пораките треба да се фокусираат на одржување на менталното здравје, а никако на одреден изглед за да се чувствуваш вредно.“