Во неговиот деветти филм, Тарантино компонира семи-ревизионистичка бајка со Тејт и нејзиното брутално убиство од страна на фамилијата Менсон во домот што го делеше со Роман Полански во Холивуд. Убијците сѐ уште отслужуваат затворска казна.
Од самиот филм е јасно дека Тарантино смета дека смртта на Тејт предизвикала цврста промена во крајот на Златното доба на Холивуд, нешто што сакал да го обработи како феномен во филмот, кој служи како парабола за загубената невиност на Холивуд - факт што Тарантино го поврзува директно со смртта на Тејт и она што следело по неа.
Сега, за време на промоцијата на долгоочекуваната новелизација на филмот, Тарантино го дискутира неговото размислување.
„Мислам дека е ужасно што ја дефинира убиството,“ вели тој. „И една од работите што можам да ги кажам за филмот со која апсолутно се гордеам, е дека заради филмот, мислам дека тоа не е веќе така. Мислам дека веќе не ја дефинира нејзиниот статус на жртва.“
Тарантино продолжува со коментар за изведбата на Марго Роби - едвај се појавува во трите саати филм, но сепак е и срце и душа на филмот и успева да се претстави пред една нова генерација.
„Мислам дека луѓето се заинтригирани. Мислам дека ја изгуглаа вистинската Тејт. Добивајќи поглед кон нејзе од филмот, ако ги гледаш старите снимки за Менсон, сега ти се крши срцето затоа што таа престанува да биде само статистика.“
Новелизацијата ќе му биде прво писателско дело на Тарантино, а се спрема и спин-оф серија, Bounty Law.
Десеттиот (и наводно последен) филм допрва треба да се материјализира.