1. Урбани легенди
Легендата вели дека ако кажеш „не сакам да имам деца” три пати во огледало, некој постар ќе се појави и ќе ти каже дека потајно сакаш.
2. Околу изборите што ги правиме
Ти: Никогаш нема да живеам во Аризона.
Другите: Па добро, секако мразиш жешко.
Ти: Никогаш веќе нема да носам штикли.
Другите: Тоа ти е веројатно здраво и за стапалата и за грбот.
Ти: Никогаш нема да се тетовирам.
Другите: Твое си е телото, како сакаш.
Ти: Никогаш не би се запишал на медицина.
Другите: Па, ако, имаш многу голем избор на други факултети.
Ти: Решив да се предомислам за нешто.
Другите: А, фино, поинаква перспектива.
Ти: Никогаш нема да имам деца.
Другите: НЕ ЗБОРИ ТАКА! Боже, господе, никогаш не викај никогаш! Не знаеш што може да се случи за две-три години!
3. Оптимистички
Чекај, ќе видиш кога ќе најдеш некој добар дечко, одма ќе сакаш деца.
(не.)
4. Приоритети
Роднини и пријатели:
Што е подобро од дете?
-Тишина и пари.
5. Чернобил
„Океј, значи пред некој ден бев во продавница. И стоев кај бебешките ствари и гледав што има и ми дојде една вработена и ми рече, ‘О, чекаш бебе?’ И јас се збунив и затоа што сум глупа, реков ‘Не, веќе се породив.’ И таа ми рече ‘Пред колку време?’ и јас реков ‘Пред две недели.’ и таа рече ‘Леле, одлично изгледаш! Јас кога го родив првото бев хаос шест месеци. Машко или женско?’ И јас така глупо кажав ‘женско…’ И таа праша како се вика, и јас реков ‘Чернобил’. И женава вика ‘Леле колку слатко име! Ми звучи многу познато.’ А јас така си стоев и го терав муабетот и се преправав дека сум родила бебе пред две недели што се вика Чернобил, само затоа што не сакав на кутрото женче да му кажам дека купувам алишта за моето бебе опосум.”
6. Приоритети 2
„Многу ме нервира што случајно можеш да креираш човечки живот, а не можеш случајно да направиш пица.”
7.
8. Приоритети 3
Ќе наполнам 40 и ќе бидам без деца и луѓето ќе ми викаат ‘ооо, баш ми е жал,’ а јас ќе им речам ‘како си поминавте во игротека бе, јас бев во Италија минатата недела - онака и не морав да барам бебиситерка.”
9. Приоритети 4
Немам ни 20, ама обавезно ги поправам со ‘кучиња’ секогаш кога ќе почнат со ‘кога ќе имаш деца’.
10. Приоритети 5
-Кога ќе почне да ти чука биолошкиот часовник, ќе сакаш да имаш деца.
-Му ги извадив на биолошкиот часовник батериите и ги ставив во дилдо.
12. Избор, пак
Во средни 20-ти сум и толку многу хејт јадам што сум без деца, што почнав на луѓето да им кажувам дека посвоив ќерка. Ја изоставам информацијата дека ќерка ми е овца од 20 кила, една од околу 10-тина што ми живеат во двор.
Не ни лажам, ја израснав од јагне, ја хранев, што се однесува до нејзе, јас сум ѝ мајка. И сè додека не сум доволно јасна, проблемите околу овци многу личат на проблеми со деца:
‘А да, ќерка ми има две години, свашта става во уста.’
‘Леле, ќерка ми само се качува негде, како да потекнува од планинска коза!’
Многу ме интересира до каде можам да стигнам пред некој да побара слика. И им викам ‘Се разбира. Еве ја!’ И после ги гледам како реагираат кога видат кафеава овца. Најбоље е. Омилена работа што сум ја направила, освен чување овци.
13. Знам.
Јас: Не сакам деца.
Другите: Ти си бесчувствително чудовиште со најмрачната душа што некогаш постоела.
Јас: Тачно.
14. И врвот, и со ова да завршиме:
Фасцинантно ми е што за луѓето што бираат да немаат деца се мисли дека имаат многу против тоа (или против било чии и било кои деца, општо). Јас веројатно нема да имам деца, не затоа што ЈА МРАЗАМ ПОМИСЛАТА, туку затоа што не сум воодушевена. Од сите големи одлуки што ќе ги донесам во животот, оваа е единствената неповратна. Можам да продадам куќа, да дадам отказ, да се разведам, што и да е. Не можам да го снемам детето. Не можам да се откажам од бивање родител откако ќе станам родител. Не можам ни да се повлечам на кратко за да се посветам на себе, затоа што детето ќе ми страда. Мене да се има деца ми значи или ЕДВАЈ ЧЕКАМ или ИЧ. Дифолт би било бездетност. Ако не развијам силни чувства за тоа и не посакам навистина многу да имам деца, тогаш нема да имам, дури и ако тоа значи дека никогаш нема да ги имам.