Та не сме саде ние со нарачани коментари

И во Сефора се случува.

Кратко потсетување дека Македонија уште нема Сефора.

Океј, одиме понатаму.

Брендот за нега на кожа Сандеј Рајли моментално го јаде од јавноста за објавување на лажни критики на сајтот на Сефора.

Поранешен вработен на Редит ги издаде дека има праќаат наредби на вработените да пишуваат лажни коментари за производите што се продаваат таму.

Тешко дека ова не е пракса кај сите, ама па баш овие се сардисаа со одмаздољубив човек.

На објавата се гледа нешто што е очигледно интерен мејл со наслов „Домашно: Коментари на Сефора.ком”, со инструкции за пишување на неавтентични критики за производите против акни што излегоа неодамна.

Пишува:

„Барем три коментари за „Сатурн” нареднава недела и по некој за „Спејс Рејс” наредната.” Издаицата објаснува дека нонстоп се барало од вработените да го прават ова и инструкциите главно доаѓале од највисоките позиции.”

Се појави и редактирана верзија на пораката:

„Кога ќе пишувате критика за Сатурн, ве молам зборувајте за тоа како лади, за зелената боја, за ефектот на маска што не се суши, за сјајот што го предизвикува, за отстранување на акните после 2 пати користење.”

Содржи и упатства како да се користи ВПН за да се заштитат ИП адресите и да не можат да ги откријат.

Разликата меѓу ова и нашето дежа ви, е што на нашиве упорно им проаѓа.

Овие ги направија парче, и си признаа. На Инстаграм објавија нешто од типот на „да точно е, ама не знаевме како поинаку да се бориме со намерно оставени негативни критики од конкуренцијата.”

Се вклучи и Сефора да се извади, велејќи дека „инцидентот не ја отсликува нивната култура на Коментари и рејтинг” и дека ќе контактира со Сандеј Рајли за проблемот.

Одличен проект.

22 ноември 2018 - 00:00