Суприм ќе соработува со Жан Пол Готје

Прво - гарант ќе изгледа прејако. Второ - веројатно ќе се распродаде за неколку минути.

Соработката ја најавија на Инстаграм со лого Готје Суприм - ставено на каиш.

Готје ќе се наврати на комбинации од архивите од ’90-ти, после костимите на Мадона за турнејата Blond Ambition, па личи што ќерка ѝ на Мадона, Лурдес Леон да се појави на првите неколку фотографии на кампањата. Ќе се оживеат и маиците Fight Racism, кои за жал се сè уште релевантни, а истиот принт ќе го има и на панталони.

„Вклучувам елементи од спортска облека во моите колекции од самиот почеток,” вели Готје за Вог. „Тоа ми е код и опсесија, дури имав и линија „Junior Gaultier” на крајот на ’80-ти. Со Суприм, инспирацијата ќе си најде пат до новата генерација.”

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Supreme®/Jean Paul Gaultier®. Coming soon

A post shared by Supreme (@supremenewyork) on

Производите од соработката ќе ги видиме на 11-ти април, по свет и на интернет. И ако нешто научивме од соработката на Суприм со Луи Витон и аукцијата што после се појави и некои парчиња достигнаа сума од 800.000 долари, ништо чудно тие што ќе дочекаат да дојдат на ред, да препродаваат по аукции за цена сто пати повисока од оригиналната.

И ова е инвестиција, чисто информативно.

4 април 2019 - 00:00