Во Шпанија јадат 12 зрна грозје
Шпанците веруваат дека јадењето 12 зрна грозје на полноќ носи добра среќа за секој месец од годината што доаѓа. Само што, има цака - мораат сите 12 да се изедат додека траат и ударите за означување 12 часот (или ако сакате во првата минута), инаку - несреќа.
Еквадор пали симболична фигура
Традицијата е да се создаде кукла, или фигура што ја означува старата година - Año Viejo, и се пали на полноќ, како симбол на „пуштање“ на старата година и оставање зад себе сè што се случило во неа. На некои места се полни и со пиротехнички материјал за повеќе драма и на тој начин се означува почетокот „со нови сили“.
Во Данска се кршат чинии
Данците слават со кршење на стари чинии од прагот на нивните пријатели и соседи. Колку поголем куп скршени чинии, толку повеќе пријатели и среќа ќе имаш во новата година.
Кој да знае дека Данците најчудни ќе излезат.
Кај нас како? Од она што ни текнува, имаме за 2-ри јануари: Што ќе правиш на втори, тоа ќе правиш цела година, што веројатно за Балканци значи дека цела година ќе се дојадуваат.