Сто години ѓердани

Знаевте дека оној чокер од ‘90-те, што личеше на тетоважа (и што првите што го ставија лажеа дека е тетоважа) се има појавено многу порано, кога данската кралица Александра го носела за да сокрие лузна? Сега знаете.

Серијалот „100 години“ е редовно информативен за вакви работи. Одат во толку детали, што има „100 години ритуали пред спиење“, „100 години капути“, дури и „100 години британска кралска мода“.

Овој пат, пораката што може да се извлече е што кога се работи за ѓердани, буквално секоја деценија се има протнато во денешно време. Од ‘30-те и штедењето на материјали поради кризата, преку ‘70-те, вечно неподносливи и ‘80-те вечно кич, стигаме пак до чокерот, за на крај да завршиме во ова пријатно време на дискретни ланчиња со уште подискретни привезоци. Но, бидејќи е 2023, пак ги имаме и (често лажно) скапоцените камења, пак ги имаме ужасите од дрво и пластика и пак немаме проблем со гломазен златен накит.

Сто години ѓердани:

6 април 2023 - 00:00