Винона Рајдер наполни 47 во октомври, вратена е на голема врата со Stranger Things, ама во ’90-ти беше толку вонсериски, гранџерски гламурозна, што Одри Хепберн ѝ има праќано ствари од плакар, вклучувајќи и едни свилени ракавици, што Рајдер подоцна исто така ги подари.
Светот ја забележа во „Битлџус” и „Хедерс”, на чии што премиери си доаѓаше во износени балетанки, фармерки и безбол капчиња, а кога ѝ се дотеруваше, носеше црни кабел-чокери, кардиганчиња, кадифени сакоа и маички со прерамки плус многу, многу кожа.
Во време на Дракула во 1992-ра, се облекуваше од глава до пети во црно, евентуално, единствена боја беше црвениот кармин.
После Reality Bites во 1994 и Girl, Interrupted, носеше големи, дедовски џемпери, пак износени чизми и бајкерски јакни - и тоа како дел од секојдневниот стил. Носеше маици од бендови (Клеш, Леонард Коен, Том Вејтс), и Левис фармерки со висок струк, и модните списанија стојат како доказ дека тоа не го измислија денешниве деца.
Сценаристот на „Хедерс”, за Њујорк Тајмс:
„Винона го има тој гламур што денес не постои, што го уништија Инстаграм и ТМЗ. Инспирира онаква култна љубов што не гледам дека новиве деца ја инспирираат.”
Ај размислете која денешна Џиџи Хадид предизвикува таква маѓепсаност од стил како што можеше Винона Рајдер?