Сте ја виделе ли Кармен Дел‘Орефиче?

Манекенка е. Била на насловна на Вог кога имала 15 години. Сега има 92 и уште работи. Што пензија?

Родена е во 1931 и позната е како најстарата манекенка што сѐ уште работи. Мотото ѝ е да ужива, на ничиј трошок.

Родена е во Њујорк во италијанско-унгарско семејство, а за еден од првите ангажмани има заработено 7,50 долари на час. Со мајка ѝ се мачеле финансиски, но биле одлични шивачки и така успевале да заработат екстра пари. Сепак, од Вог биле воодушевени од неа и бидејќи немале дома телефон, праќале луѓе да ја известат и да ја ангажираат за фотосесии. Му била муза на Салвадор Дали, па вие како сакате.

Од 2011 има почесен докторат од Лондонскиот универзитет за уметности, за нејзиниот придонес во модната индустрија, а откако се враќа на сцена, не престанува да работи.

Се појавува и во филмови и на телевизија и има напишано книга со наслов: Staying Beautiful: Beauty Secrets and Attitudes from My Forty Years as a Model.

И ова:

7 септември 2023 - 00:00