Стаклени ташни - добредојдовте

По ново, добра ташна треба значи - стаклена ташна.

Ако нашата култура сѐ уште не може да најде начин да се договори по ова прашање, наскоро ќе мора: пристигна трендот на стаклени ташни, и тоа по заслуга на францускиот бренд Коперни. Ги носат сестрите Хадид, Хејли Бибер и Ријана. Најпознати се можеби по „свајп“ ташната - еден овал што дизајнерите велат дека е нивно толкување на „свајп за отклучување“ на Ајфон.

Оригиналниот „свајп“ се прослави минатата година преку серијата „Еуфорија“. Во последните неколку месеци, следеше нешто уште повирално: во соработка со изработувачите на стакло Хевен направија ташна што боже сачувај да ти падне од рака. Реално, внатре собира едвај два мали предмети - ама друга е поентата: се носи како накит, како уметничко дело што се држи во рака.

На доделувањата на Греми, првата недела од април, два пати се појави. Денови подоцна веќе станува статусен симбол: Кајли Џенер ја направи главен елемент на нејзиниот аутфит на настанот за најавата на новите Кардашијан епизоди. Како дело ги отфрла сите карактеристики што треба да ги има една ташна - да ги крие хаотичните, но потребни предмети во животот: тампони, искористени паломи, згужвани сметки. Наместо тоа, Коперни елаборативно ја врамува и слави својата содржина. Како да сака да каже „немам што да кријам и сѐ е на промоција“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by HEVƎN (@home.in.heven)

Модната историчарка Кимберли Крисман-Кембел вели дека е одличен начин да рекламираш нешто што сакаш луѓето да го видат. Го гледа и како симбол на нашето Инстаграм-време кога виралноста се цени повеќе од сѐ друго. „Станува сѐ поважно,“ вели, „да имаш нешто што привлекува погледи, без разлика дали е ‘гол’ фустан, или гола ташна, за да бидеш сигурен дека фотографиите ќе се споделуваат.“

Стаклените ташни не се иновација колку што се потсетување - референцата е за винтиџ стаклените ташни на Мурано, кои според Крисман-Кембел можат да се споредат со стаклената чевличка на Пепелашка.

„Многу е впечатливо, а сепак фрагилно парче. Како да се коси со реалноста што воопшто може да постои. Надреалистично е и мислам дека модата оди во тој правец - да не можеш да им поверуваш на очите.“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by HEVƎN (@home.in.heven)

И покрај цените што веројатно ќе бидат до небо и разумните асоцијации меѓу зборот „стакло“ и зборот „скршено“, дизајнерите на Хевен се уверени дека нивниот производ е функционален. Набројуваат дека „сенешто“ може да се држи таму: телефон, новчаник, вазна со цвеќиња, или можеби и оружје ако шеташ сама навечер. Истовремено е предмет што може да се пренесува од генерација на генерација, функционална инвестиција или едноставно симбол на сопствената декаденција. Ташната на Коперни и Хевен е потранспарентна, ако сакате, околу тоа што една ташна може да биде: начин да се демонстрира богатство - и тоа со стил.

19 април 2022 - 00:01