Спојлерот во „Озборувачка“ што не беше спојлер

Фановите на „Озборувачка“, и тоа оригиналната серија, не ова новово, мораа да чекаат до крај за да го дознаат идентитетот на Озборувачката. И се гледаше дека се измачиле некако да го протнат тоа, и глупо беше, ама ете - пројде. Сега тврдат дека имало хинт уште во првата епизода.

На еден ТикТок профил се појави видео каде што се забележува намигнување за ликот на Ден Хамфри (што ние веќе си го знаеме како Џо Голдберг). Имено, тој влегува во кадар додека седи на лаптоп многу брзо откако гласот на Кристен Бел ќе рече „Која сум јас? Тоа е тајна што никогаш нема да ја кажам - единствената.“ А, излегува дека ни покажала.

Наводно, пилот епизодата содржи и други хинтови, како фактот дека Ден и сестра му се случајно на станицата Гранд Централ кога доаѓа Серена ван дер Вудсен. Сестра му дури го вика и „невидливиот човек“, а го спомнуваат и на блогот на Госип Грл како „осаменот дечко“.

@yussijuicy2.0 Iykyk #SourPatchPrankFund #GodzillaVsKongRoar #RayBanElevatorDance #fyp #gossipgirl ♬ original sound - yusra ali588

Ова сè звучи занимливо, додека не ти текне дека продуцентите до самиот крај врска немаа како ќе го решат спорниот идентитет. Имале среќа со првата епизода, а може и ја прегледале за да им текне, ама не планирале сигурно така. Еден од продуцентите, Џошуа Сафран и јавно кажа дека прво не знаеле кој ќе биде, па со сценаристите во еден момент се мислеле за братот на Серена - Ерик. Водата им ја поматил Њујорк Пост, од каде што само нагаѓале, па сценаристите морале да ја напуштат идејата. Гребејќи по решение, им текнало дека Нејт Арчибалд нема комуницирано со Госип Грл, па се свртеле кон него. Џошуа Сафран ја напуштил серијата пред 5та сезона, па полека, завршиле на Ден Хамфри, едно од поглупите решенија, поглупо дури и од никогаш да не се открие идентитетот на блогерката што тероризираше цело едно елитно школо во Њујорк, разоткривајќи ги неговите ученици како промискуитетни, зли, препредени и психопати.

И на крај заврши со свадба. Меѓу „Озборувачката“ и девојката на која сто пати ѝ го уништи животот, правејќи ја серијата негледлива за луѓе над 19 години.

Сепак, фино беше да се потсетиме на што сме губеле време.

11 јануари 2022 - 12:01