Експертите велат дека планирање на големо семејно патување може да е напорно, но со вистинските стратегии, може да биде успешно и добро за сите што ќе одат.
Главните придобивки се делење на обврските околу децата, плус дружењето - на одмор, семејствата живеат заедно и делат обврски, а притоа истражуваат нови дестинации и без разлика што некои не се сосема убедени поради можните конфликти, експертите истакнуваат дека кога родителите ги гледаат нивните деца со баби и дедовци, можат да се доведат до заздравени семејни односи и позитивни интеракции.
Не дека не постојат ризици - било кој член, или однос може да регресира на претходни штетни однесувања и тензии. Важно е да се создадат реалистични очекувања, да се комуницира отворено и да се најде време секој член на семејството да биде раат. Паметно е да се дискутираат овие работи пред пат и да се биде спремен за неочекувани предизвици со помош на смисла за хумор и флексибилност.
И да не заборавиме, едно мултигенерациско патување бара и поставување граници, јасно кажување на индивидуалните потреби и отворена комуникација. Од суштинска важност е да се прифати важноста на личниот простор и одморот, а сепак да се најдат моменти за заедничко уживање.
Со позитивен пристап кон организацијата, со разбирање и волја за адаптација, семејствата можат да ги зајакнат меѓусебните односи, а создавањето на трајни спомени да им дојде како бонус.