Детски психолози откриваат дека чувството на сопственост го добиваме многу рано. Во една студија каде што на студенти им е понудено како награда за учеството да бираат меѓу шолја за кафе или чоколатце, половина го одбрале првото, половина второто - што значи, кога им биле презентирани наградите, може да се заклучи дека еднакво ги ценеле. Но, оние што ја избрале шолјата (и веќе си створиле информација дека тоа е нивна шолја) добиле и изненадување - да ја заменат со чоколадото. Само 11% прифатиле. Истото се случило и со другата група, што се фатила за чоколадото.
Заклучокот? И двете групи се држеле до наградата што си ја избрале „и си е нивна“. Причината за ова лежи во тесната поврзаност меѓу нашето чувство за „себе“ и нештата што ги сметаме за наши.
Ова се проширува во други сфери: нека ви текне колкава вредност им се дава на предмети што ги поседувале славни личности. Луѓе се тепаат и се даваат милиони (па и се убиваат) за нешто допрено од Мерилин Монро, Вермер или некој што сѐ уште е жив и здрав, како да веруваат дека самиот предмет е збогатен со есенцијата на личноста што го поседувала.
Од овие причини и ни е тешко да се ослободиме од наследени предмети, што ги оставиле зад себе сакани луѓе затоа што ни личи како да се ослободуваме од самите луѓе. Толку е длабока психологијата зад ова, што при набљудување на голфери, од кои на некои им било кажано дека играат со „славна“ палка, а некои со обична, се забележало дека на тие со наводната палка на шампионот Бен Куртис и дупката во која требале да го внесат топчето им се чинела поголема.
И во сето ова влегуваат и културолошки фактори: