На Синтија ѝ дал само спогодба при разводот, иако знаел дека ќе треба сама да се грижи за син им Џулијан, кој тогаш имал пет години.
После неколку години, Синтија е пред банкрот и размислува за начини да добие пари за неа и за детето. Во очај, носи одлука да ги продаде љубовните писма и цртежи што ѝ ги давал Ленон додека биле млади. Биле полни со љубов и „Те сакам, Син.“
Иако нерадо, ги продала за огромна сума.
Виралните објави на интернет тврдат дека Пол Макартни ја купил целата колекција, но вистината е дека купил едно, го врамил и ѝ го пратил по пошта.
Романтизирањето оди дотаму дека со писмото имало и порака од Пол:
„Никогаш не ги продавај спомените.
Со љубов,
Пол Макартни“
Звучи прекрасно, но за ова нема докази, и на Snopes пишуваат дека сето ова се случувало во текот на неколку години, не денови.
Целата приказна (со едното писмо) ја има во мемоарите на Синтија издадени во 2005, со наслов „Џон“.
„Кога се разведовме со Џон, го продадов ова писмо, заедно со уште неколку што тој ги имаше напишано. Бев воодушевена кога неколку години подоцна, сопственикот го стави на продажба и Пол Макартни го купи. Го врами и ни го подари на мене и на Џулијан. Беше неверојатно внимателен гест и многу го ценевме.“
Писмото е напишано на 23 август, 1965, кога Битлс имале турнеја низ САД.
„Поминувам часови во гардероби и мислам на часовите што не ги поминувам со Џулијан - да си играме - цело време мислам на такви глупи моменти кога читам весници и такви срања, додека е тој со мене во собата и одлучив дека ТОА Е ПОГРЕШНО! Тој не ме гледа доволно и онака и навистина сакам да ме познава и да ме сака и да му фалам, како што вие двајца толку ми фалите.“
Патем, Синтија и втор пат го има продадено писмото во 1991, за денешни 12.000 долари.