Хаштагот има над шест милиони прегледи на ТикТок и на пример, објаснува зошто ти треба постелнина вредна 650 евра. На една радиоемисија во Нов Зеланд го разгледуваа токму тоа - добиваш четири перници, чаршав за над душек, за под душек и прекривка, а објаснуваат дека ако купиш поевтино, тогаш партнерот може ќе се поти и поевтиното ќе пропушти, па ќе го оштети и душекот, а душекот ќе те чини минимум 200... А за да се дооправдаат, се спомнува математика од 365 дена - постелнината од 700 долари значи дека спиеш за 1,90 долари од вечер, а ако поделиш меѓу тебе и партнерот - 95 центи од вечер, што значи, „скоро па бесплатно“.
Ова звучи исклучително глупо, па од PureWow одлучуваат да се консултираат со експерт за лични финансии.
Правилата за женска математика се вакви:
- Ако го вратиш производот, парите што ќе ти ги вратат се бесплатни пари, или профит.
- Сѐ што ќе купиш во готово е бесплатно.
- Губиш пари ако не пазариш во омилениот дуќан кога има распродажба.
- Ако купуваш и те чини 10 долари повеќе за да добиеш бесплатна испорака, дури и ако испораката е 4 долари - треба да ги потрошиш 10-те долари затоа што тоа е подобра инвестиција.
- Сè што ти вратиле како долг значи „бесплатни пари“.
И правилата му биле глупи, не дека не.
Само што, оваа „девојачка математика“ е смислена од забава, не како легитимно однесување со сопствените финансии. Не е муабетот „Да платам кирија или да одам на Тејлор Свифт“ туку рационализирање на трошокот од веќе купените карти за концерт на Тејлор Свифт.
Сепак, аргументот е дека женската математика е јака затоа што се базира на хумор. А ако пробаме на кратко да ја легитимизираме, според Кели Ен Вингет, финансиски консултант за оваа сериозна појава, нека биде вака:
„Еден креативен пристап кон менталното сметководство и аплицирање рацио на начинот на кој ги користиме сопствените средства.“
Проблем настанува ако се служиме со неа за да оправдаме трошоци што ќе ни направат дупки во буџетот.
Но, во одбрана на женската математика: Се работи главно за справување со начинот на кој трошоците се вклопуваат во нашата финансиска слика. Тоа не ја исклучува можноста да имаме стабилен став во однос на парите, буџетот и долговите. Жените што користат женска математика се свесни дека е глупост, само што знаат да се шегуваат на сопствена сметка.