Што значи да се биде Канаѓанец?

Негде при крај станува и небитно за што е рекламата. Она што е битно е колку многу важи за секое поднебје и секоја мултикултурна земја, без разлика дали е една од најголемите светски сили, или пак, нагалено ја викаат „Папокот на светот“.

Фрижидерот прв пат се појави во еден маркетиншки проект низ Европа за Денот на Канада, кога се отвараше само со скенирање на канадски пасош, и од тогаш, финтата има претрпено неколку промени.

Сега има ново. 

На фрижидерот пишува „Кажи Јас сум Канаѓанец, за да го отвориш“. А луѓето, какви што се дражесни во вакви ситуации, доаѓаат да го освојат, затоа што - пиво. Само што, не е толку еднодимензионална работава.

13 јуни 2017 - 13:41