Што всушност е хијалуронска киселина?

Знаеме дека нонстоп се зборува за тоа, знаеме дека ја има во филери, маски, креми и серуми, но што точно прави?

Прво, што е?
Тип на молекула што природно се произведува во нашето тело. Ја има во кожата, очите, зглобовите и примарната функција ѝ е да задржува вода во клетките, со што ги држи очите влажни, зглобовите подмачкани и ја задржува влажноста на кожата.

„Се користи во козметика како хумектант, сусптанца што ја тера кожата да си ја задржи водата и често се наоѓа во серуми, орални суплементи, дермални филери и капки за очи,“ вели еден лекар во интервју за Инстајл. „Ја има во многу топични формулации, главно поради хидратантните својства, за измазнување на кожата.“

Дали е безбедна за користење?
Колку и да звучи страшно да нанесуваш супстанца со зборот „киселина“ во името, ќе ви се допадне информацијата дека кога се нанесува површински, нема познати контраиндикации. Безбедна е за сите типови кожа, дури и кај трудници и доилки. Омилена молекула на докторите е, бидејќи е соодветна дури и за пациенти со екстремно чувствителна кожа. Сепак, кога се користи како филер, има контраиндикации: може да се појават инфекции, модрици, оток и болка.

Кои се придобивките од користење производи што содржат хијалуронска киселина?
Како што старееме, кожата забавува со производството на хијалуронска киселина и како резултат, се појавуваат брчки и фини линии, па серуми и креми што ја содржат можат да помогнат со креирање бариера која ја задржува водата во кожата. Бидејќи е природна супстанца, кожата ја толерира и не иритира.

Притоа, не се користи само за естетика: и зглобовите ѝ се радуваат. Кај пациенти со остеоартритис, нивото на природна хијалуронска киселина се намалува, па затоа и се појавува болка и вкочанетост. Со инекции се подобруваат овие услови.

Од каде доаѓа хијалуронската киселина во производите за нега на кожа?
Бидејќи природно ја има во човечкото ткиво, нормално е да ни е нејасно како ја има како состојка во производи за нега - и не, не се вади од луѓе, туку од растенија и животни.

Кога е од растенија, се вади од микробиска ферментација. Оваа бактериска низа природно содржи хијалуронска киселина и се ферментира за да ги добие посакуваните молекуларни маси идеални за козметички намени.

Кога е од животни е од петли - од црвеното месо на главата на петелот, бидејќи како и луѓето, и животните произведуваат хијалуронска киселина во телата, а „чешелот“ на петелот се смета за еден од најдобрите животински извори. Повеќето природни, органски и вегански козметички линии ја користат растителната верзија, но животинската сѐ уште се користи во суплементи и инекции.

Дали можеме сами да си го зголемиме производството?
Колку и да се корисни купечките производи, хијалуронска киселина можеме да си направиме и сами, и тоа постојат неколку типови храна со состојки што помагаат за ова: супа од коска, производи од соја, лисести зелени зеленчуци, коренести зеленчуци и цитрусни овошја.

9 јуни 2021 - 00:00