
Сте погледнале жена на начин со кој видливо ѝ станало неудобно.
Сте ја погледнале во градите додека зборувате со нејзе.
Сте ѝ „украле” бакнеж.
Сте ја следеле на улица иако не ја познавате.
Сте следеле или сте шпионирале бивша девојка.
Сте следеле или сте шпионирале сегашна девојка.
Сте коментирале за нејзиното тело, а не ве прашала.
Сте допреле жена без да ви дозволи.
Сте допреле жена што не ја познавате без да ви дозволи.
Сте се заканиле дека ќе раширите интимни фотографии што ви ги пратила.
Сте инсистирале да излезе со вас, иако веќе ве одбила.
Сте се обиделе да ја начукате за да ви се подобрат шансите кај неа.
Сте ја изманипулирале да спие со вас.
Сте ѝ ставиле нешто во пијачката без да знае.
Сте ја прашале нешто за сексуалниот живот, непотребно.
Сте се заканиле на девојка за да не ви раскине.
Сте ѝ забраниле да оди на одредени места.
Сте ѝ забраниле да носи одреден тип на облека.
Сте ѝ забраниле да разговара со одредени луѓе.
Сте допреле некој кој е без свест на сексуален начин.
Им кажувате на жените кои тврдат дека се малтретирани дека претеруваат.
Сте се обиделе да ја искористите вашата моќ за да се споите со жена.
Сте ги покажале вашите гениталии на жена без да ви побара/дозволи.
Сте им кажале на две жени да се бакнат.
Сте се обиделе да направите нешто со малолетна девојка.
Неприкладно сте допреле жена со која танцувате без да ви дозволи.
Сте гледале порно со малолетни девојки.
Сте го допреле телото до жена без да дозволи.
Сте тврделе дека некоја жена е ороспија затоа што имала многу сексуални партнери.
Сте пратиле фотографија од вашите гениталии без да ви биде побарано.
Сте го обвиниле алкохолот за вашето однесување околу жените.
Сте премолчиле ако некој пријател малтретирал некого.
Сте пратиле линк од порно без некој да ви побара.
Од страшните работи, многу се повторуваат секојдневно до тој степен да никој не ги ни спомнува, а треба, и тоа на мегафон. Него, што правиме со тие, божем нестрашните, божем начини на покажување љубов од тип забранување на одредена облека, луѓе и места? Не, не се од тие со „треба контекст”. Еднакво се малтретирање како и другите.
За крај: немој да ѝ се обраќаш на непозната жена како што ти не би сакал да ти се обрати непознат маж во затвор.