Што не смее да се прави пред спиење?

Во потрагата по подобар сон, луѓето се откажуваат од попладневно кафе, се трудат повеќе да вежбаат, оставаат телефони надвор од спална... А имаме уште грешки и со годините станува сè поважно да престанеме да ги правиме.

Прво, знаете дека не смее вино (макар и чаша) четири часа пред спиење? Сè уште нема финална одлука околу тоа дали по малку вино има здравствени придобивки, ама често се случува да имаш желба за опуштање со вино после напорен ден. Експертите велат дека без разлика што изгледа дека е паметно да се напиеш вино навечер поради седативните својства, за кратко време од успивање се префрла на стимулирање и ова води до искршен, неквалитетен сон и рано будење. Колку повеќе и колку поблиску до легнување пиеш, толку повеќе ти влијае на сонот.

Понатаму, ако не поминеме преку еден вид процес на смирување пред да си легнеме, исто така можеме да завршиме со неквалитетен сон. Експертите препорачуваат рутина за смирување и ослободување од стресот на денот (и тоа не со лаптоп и телефон). Паметно е барем 20 минути да се смириш и да си бркаш работа без екрани, бидејќи сината светлина влијае како тревога.

Трето, ако ни е спалната соба претопла, се осудуваме на лош сон. Најпаметно е да се одржува температурата меѓу 17 и 19 степени (!) за да биде оптимално.

И на крај, копчето за снуз не е добро - „доспивањето“ со уште еден (два, три) аларм(и) не значи дека можеш да надоместиш сон. Препорачливо е да се има распоред со точно време, бидејќи со спиење не можеш да вратиш долг како во банка, со тоа што ќе отспиеш еден ден повеќе од обично. Циклусот на спиење станува поквалитетен единствено со редовност.

16 август 2023 - 00:00