Што е подобро: 10.000 чекори или 30 минути вежбање?

Искушение е да не вежбаш иако си планирал, кога ќе видиш дека имаш 10.000 чекори на апликација за следење, но според медицински експерти, можеби не треба да се откажеш така лесно.

Причината е што постојат многу варијабли кога се работи за пешачење (по угорница било, или не?) или интензитет на вежбање.

Дали едното е подобро од другото?

Кога се работи за нашето здравје, не може да има едно решение доволно добро за сите и не треба да се сведе на бирање меѓу две работи. Десет илјади чекори дневно значи дека сме релативно активни, што е важно, но не може да се мери со интензитетот на вежбањето, кое е исто така важно. Аеробните вежби кои го ојачуваат срцето и вежбите со отпор и за сила значително го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Тренинзи за сила билдаат мускули, метаболички најактивното ткиво во нашето тело и тоа е уште една компонента за оптимално здравје.

Доработете ги 30-те минути движење

Кога се работи за постигнување на најдобрите можни 30 минути вежбање, лекарите велат дека бирање на ХИИТ (интервални тренинзи со висок интензитет) е најдобро решение. Овој тип на вежбање дава придобивки за кардиоваскуларна заштита и градење мускул. Без разлика дали одите во теретана или следите програма дома, придобивките на ХИИТ се ненадминливи, според некои експерти.

Продолжете да си ги следите чекорите

Ова не значи дека не треба да си тераме со броење чекори во текот на денот, бидејќи тој број покажува дали сме „уседени“ и може да биде добра мотивација да станеме и да се движиме (или да повежбаме 30 минути). Сепак, треба да се има предвид и дека тракерите за фитнес не се совршени, но сепак вршат работа. Се препорачува да се користат и за увид во трендови на сопствените физиолошки податоци, на пример како работи срцето или колку спиеме - нешто што добро им оди да го следат.

23 јули 2021 - 07:59