Исамаја Френч е светски признаена шминкерка и води нова серија за убавина на Јутјуб за професионални туторијали.
Овде ги прикажува талентите што ја имаат донесено до ангажмани од Вивиен Вествуд и Гучи, и до лицата на Ријана и Тејлор Свифт, па сега, со желба „и вие вака да можете по дома”, споделува како се прават некои работи.
Ама ај сега најозбилно, нели ќе биде кафето драматично поинтересно ако му отидете вака, а не како сите нормални луѓе?
Замислете ова да е новото нормално.
Чекори, стручни совети и други фини работи има за гледање: