Качувањето на цената најмногу се чувствува во САД, каде што Flap Bag сега се продава за цели 10.000 долари, а ни Европа, ни Азија не се имуни на баснословните суми. И не е само таа - Boy Bag и Gabrielle Bag се исто упатени нагоре без некоја намера да станат достапни за обичен народ.
Експерти од индустријата сметаат дека дури и покрај поскапувањето, побарувачката нема да се намали бидејќи Шанел имаат лојална база на муштерии кои „ги ценат занаетчиството и квалитетот што влегуваат во изработката“. Покрај тоа, самиот пазар на луксуз одлично функционира бидејќи купувачите и понатаму покажуваат спремност да инвестираат во скапи парчиња.
Има еден ризик, а тоа е истите тие купувачи да почнат да бараат алтернативи на Шанел - голем број брендови нудат сличен стил и квалитет, а пониска цена. Сепак, поскапувањето станува тренд (пак поради цените на трудот и материјалите) па многу брендови се принудени да зголемат цени за да останат профитабилни. И ако нешто сме научиле до сега, без разлика што ова станува предизвик за некои луѓе, тешко дека ќе ја намали привлечноста на поседување луксузни парчиња.