Седум детали од 5-та сезона „Stranger Things“ што бараат второ гледање за да ги забележиш

Додека чекаме 25 декември за да ја видиме новата епизода, да видиме што забележале поспремни од нас. Нормално, ќе има спојлери, така што читајте ако имате изгледано сè до крај.

1. Дастин е подвижен споменик на Еди
Носталгијата не е случајна: покрај Hellfire маицата, Дастин ги носи и прстените на Еди, а во првата епизода седи и на истото место каде што Еди седеше на премиерата од четвртата сезона.

2. Телефонскиот број на плакатот од потрагата по Џејн Хопер постои

Бројот на плакатот за исчезнатата Елевен навистина работи. Ако се јавиш, добиваш автоматизирана порака од полицијата во Хокинс за вонредната состојба во градот и приоритетната потрага по Џејн Хопер. Се разбира дека некому му текнало да се јави, а уште појако е што на продуцентите одма им текнало да го средат ова.

3. Rainbow Brite е предупредување

Во собата на Холи има навлака за перница од Rainbow Brite - лик што во ТВ специјал од 1984 завршува во мистерозни подземни „Провалии“. Со оглед на приказната на Холи во оваа сезона, ова е едно од најочигледните визуелни навестувања, само да се разбира човек во Рејнбоу Брајт.

4. Жолтото фустанче е проколнато
Кога Холи го пробува жолтиот фустан во куќата на Хенри, гледаме дека е истиот што го носеше Алис Крил вечерта кога пропаѓа семејството Крил . 

5. Мајк повторно доцни - и тоа стана традиција
Пет сезони по ред серијата почнува со Мајк кој доцни на нешто: DnD, планови за играчница, кино, училиште… и сега - појадок.

6. DnD магијата на Мајк е исто така навестување
Мајк ѝ подарува на Холи DnD фигура што може да фрла dimension door - магија за телепортација. Холи потоа коментира: „Векна тоа не може.“ Нормално дека можеме да очекуваме дека ова ќе биде важно подоцна.

7. Моќите на Вил веќе одамна не се наивни

Гестот со дланката нагоре кога сфаќаме дека Вил има моќи е идентичен со тој на Векна. И начинот на кој Вил ги убива демогоргоните наликува на сцените со Кристи и Макс од претходната сезона.

Така што - чекаме.

12 декември 2025 - 10:28