Се намалува ентузијазмот за идиотски трендови

Редно беше.

Баленсијага со тоа ќесите наместо ташни има сериозна конкуренција - еден италијански бренд, Golden Goose, продава вакви патики:

Да видиме, до сега имаме ќеси за четирицифрена сума, имаме додатоци што изгледаат како да се купени од евтина сувернирница, па уште милион вакви глупости, па сега патикиве залепени со трака.

Повторно се поставува прашањето, има ли ова една политичка порака што ќе ја сфатиме после 200 години и ќе се учи на катедри за историја на уметност, или некој таму во модната индустрија си рекол „ај ќе ги троламе да видиме до кај ќе идат”? И колку време ќе помине пред некое здружение составено од борци за социјална правда (кои овој пат може и ќе бидат во право кога) ќе кажат „експлоатирате елементи од нечие крајно непријатно секојдневие”?

На Твитер веќе му текна:

Среќа па, и публиката имала граница. На луѓето им дојде преку глава од глупирање, и главно реакциите се со, во слободен превод, „АМАН!” и „во школо деца го јадат стапот кога доаѓаат со стари и залепени патики, а вие си играте мода со тоа”.

Колку поточно ќе ве чини да се шетате со патики што сакаат да кажат дека ви потонале сите бродови, банката ви зела имот, и сте на просјачки стап?

530 долари.

24 септември 2018 - 11:12