Деновиве веројатно видовте објави од пола ваши следачи и неследачи со „и јас имам Тредс“. Тоа е затоа што Закерберг реши да ја искористи разочараноста од Твитер и сè уште симпатичниот Инстаграм да му додаде Threads и со тоа да го пополни просторот што кукаше за нова социјална мрежа. Поради ова, има опасност Твитер да се соочи со сериозни падови во бројот на секојдневни корисници.
Ова дојде во период што го викаа „најмрачниот час на Твитер“ кога бројот на Твитови што можеа да се видат беше ограничен, со цел памет. Како одговор, Мета се пофали со „апликација базирана на текстуални разговори) и ексклузивно се пристапува преку Инстаграм акаунт (само пазете, ако сакаш да избришеш Тредс, мора да го избришеш цел Инстаграм профил). Не е ни некое изненадување што е толку популарно - на интернет корисниците сѐ повеќе им треба кохерентно онлајн искуство, а двете милијарди на Инстаграм беа зрели за искористување.
Сепак, не се сите корисници воодушевени. Интерфејсот е едноставен и функционален, но многумина се жалат за квалитетот на постовите - се користи алгоритам што ти прикажува што мисли дека треба да видиш, наместо традиционален хронолошки редослед на објави од профили што ги следиш. Загрижени се и за приватноста, затоа што Закерберг не се покажа во најфино светло на тоа поле.
Сепак, на сите им се чини ново и возбудливо - го доживуваат како прв час на први септември. Но, возбудата од новиот играч на полето на социјалните мрежи се намалува кога ќе ти текне дека новото е донесено од едно опортунистичко старо.
А сепак, не издржавме - скоро сите се на Threads.