Роди дете.

Ама немој да ти плаче во авион, што ако е и авионот јавен превоз.

Ама немој да ти плаче во авион, што ако е и авионот јавен превоз.

Роди дете и немој да се здебелиш во бременоста, ама немој ни да вежбаш, будала ли си.

Роди дете, па кога ќе излезеш од болница чекај гости, ама не со нарачана храна, тоа е непочитување.

Роди дете. Дури и ако не сакаш дете, ќе се покаеш сто посто.

Роди дете и мораш да доиш, ама не колку ти што сакаш, затоа што е чудно кога се дои постаро дете.

Роди дете и заборави на патување со бебето, ама па можеш и да излезеш од дома да прошеташ малку.

Роди дете, а ние ќе се веселиме и ќе му ја кинеме маицата на маж ти, додека ти си во болница со бебето и сè те боли.

Роди дете, и ако не можеш да родиш, а сакаш, ќе те прашаме секако „Има ли нешто ново?“ како да не е доволно болно.

Роди дете, ќе ти помогне персоналот во болница така што ќе ти нафрлат коментар дека „не ти ги ширеле они нозете“.

Роди дете и јади здраво заради млекото, иако во болница ќе те хранат со паштета со поминат рок.

*

Искуствата се собрани од кај уметницата Зомбијана Боунс, која уредно ги има сложено со ведри цртежчиња, без разлика што на жените, особено тие што размислуваат или се трудат да имаат деца - им е стемнето.

Колку вакви слушате секојдневно?

А ако сакате уште, имаме уште - Биди дама, ќе речат.

14 ноември 2023 - 08:37