Реставрација на метална чанта стара над 100 години

Има нешто магично во набљудување како на стари предмети им се враќа оригиналниот сјај.

Зборот е чанта, но овде освен кармин, цигари (без муштиклата) и уште нешто ситно - тешко дека ќе собере.

Метална е и била модерна на почетокот на 20-от век. Ги правеле од месинг и други скапоцени метали, често по нарачка и често уникатни.

Баш оваа, авторот на видеото споделува дека ја купил на аукција во (очигледно) ужасна состојба - оксидирана, делумно зарѓана, а копчето не ни функционирало и не можела да се отвори. Реставрацијата била тешка, но резултатот на крај е прекрасен.

Патем, имавме и една друга, многу постара, и една винтиџ - изгорена. А ако не ви е доста, имавме и Шанел балетанки,  и една прастара мелница за кафе.

Оваа ќе ја користат како кутија за накит.

2 декември 2024 - 16:07