Според воведот, тешката рѓа и корозија покажува дека била во земја или во вода многу долго време - површината е во ужасна состојба и едвај се гледа дека е направена од месинг, бронза и бакар. Фала богу, овие метали се отпорни на длабинска корозија и затоа е преживеана за ние да ја видиме.
Мајсторот мисли дека може да е стара и 500 години, а теоријата доаѓа од претпоставката дека во средниот век се продавале вакви работи, што значи дека парчето што го гледаме е „уникатно и невозможно за имитирање“.
Сепак, во коментарите некој споделува дека пред доцниот 19 и ран 20 век, жените не носеле често ташни - верувале или не, имале големи џебови во фустаните и таму сѐ собирало. Рани верзии на рачната торба се едноставни, платнени, со врвка, дури и во 1920-те често се носеле, само што почнале да им ставаат и монистра, бисери и други декорации. Ова може да значи дека ташната е од ‘30-те години на минатиот век, но секако е фантастична и вредна за колекции, наместо да скапува на богзнае каква депонија.
Слушалките и: