Реклама за влошки каква што не сме виделе

Не, не е кликбејт, стварно никогаш не сме виделе реклама за производ за “женска хигиена” со црвена крв.

Внимателно скролајте надоле, може да биде страшно.

...

Бодиформ е брендот што реши тоа да го смени со „револуционерна” реклама, која изгледа пореволуционерна во кадрите кај дечкото што купува влошки, наспроти расфрлањето со црвени алузии кон страшната менструална крв.

Факт е дека крвта во реклами за влошки и тампони беше табу од некоја причина – доказ за тоа се бројните реклами што сме ги изгледале во последниве децении според кои излегува дека секоја жена е од кралска фамилија.

„Знаеме дека менструалната крв е проблем,” вели Трејси Бакстер, маркетинг-менаџер во Бодиформ. „Значи дека луѓето се борат со неа, а ние како лидер во полето на женска хигиена сакаме да го смениме тоа, со предизвикување на табу-то и конечно отстранување на стигмата, за да постигнеме полесно да се дискутира за менструацијата, сега и во иднина.”

Останува прашањето „зошто да се дискутира”, не од аспект на „срамота е” туку од аспект на „што има тука ново.” Точно е дека нема што да настанува штама кога ќе се спомне „страшното добиено” и од таму – ликот што купува влошки за девојка му или сестра му е супер елемент во рекламата. Нема криење под еден куп непотребни производи, туку едноставно – купување, ама дали има потреба од кадарот од 0:07 до 0:09?

Најверојатно не.

18 октомври 2017 - 18:27