Принцовите не би се справиле со смртта на Дајана да не била кралицата

По смртта на Дајана, јавноста се бунеше дека кралицата „не покажувала емоции“, иако ако поразговарате со разумни локалци, веднаш ќе им текне на моментот кога си ги грабна внуците и си ги однесе во Балморал.

Принцезата Ен во едно интервју од 2017 кажа дека било правилен избор што кралицата Елизабета ги однела Вилијам и Хари во Балморал веднаш по смртта на Дајана.

„Мајка ми апсолутно го направи вистинското нешто. Би било апсолутно непојмливо разумен родител да верува дека постоеше алтернатива да се донесат тие деца овде во Лондон со сите тие глупости. Не ми е јасно како може да се мисли дека можело да се направи нешто подобро. Ниеден од нив немаше да се снајде ако беа на било кое друго место.“

Според неа, одлуката е единственото добро нешто што излегло од таа трагедија.

„Ја имаа таа структура, имаа луѓе околу нив што можеа да разберат, да им дадат време, тоа малку време што го имаа, иако никогаш немаше да биде доволно, да се обидат и да сфатат што се случило.“

И принцот Филип им бил поддршка на Вилијам и Хари по смртта на мајка им и им ветил дека ќе чекори со нив зад ковчегот на нејзиниот погреб.

Во истото интервју, Ен вели и дека мајка ѝ „водела по пример“, со децата и внуците, „гледајќи и учејќи“ во текот на 70-те години владеење.

13 септември 2022 - 00:39