Приказната на слугинката, епизода: Не им иде памет

Ноќта на вештерките е за еден месец, а по онлајн продавници веќе почнуваат да се појавуваат маски, како и секоја година. И како и секоја година успеваат да брилјираат со отсуство политичка коректност.

Сајтот Yandy објави костим за „Секси лик од Handmaid's Tale” и многу е глуп.

Инспириран е од главниот костим во серијата, но наместо да биде жената покриена од глава до пети, како што е во тој дистописки универзум, дизајниран е со неколку значајни (и проблематични) измени. Има краток црвен фустан, мрежести чорапи, наметка до земја и белото капче што го носат. И се разбира, не ја предизвикува истата реакција како оригиналниот костим.

„Доаѓа вознемирувачка, дистописка иднина каде што жените веќе немаат глас,” се обидуваат да го протнат тоа во описот. „Но ние велиме, бидете храбри, и викнете во овој ексклузивен костим со црвен мини фустан, иста таква наметка со качулка и капа.”

Не дека не им текнало дека ќе го јадат. Ама да пробаат.

Твитер се разбира се разбуричкува:

„Не можам да одлучам дали ова скроз ја промашува поентата на ‘Приказната на слугинката’, или комплетно ја опфаќа,” пишува еден корисник. Друг пишува, „Тажно е како социјалниот дискурс во ваков егзистенцијален момент за нашата земја (ова во Америка) се сведува на чиста глупост толку брзо. Не е исто како ангелски крилја. Опрајте се.”

И како што често денес бива, го тргнаа за неколку часа.

Инаку, тоа па ние што го правиме овде зачаурени и 99% белци за први април, односно, маскирање во Јапонци, црнци, Индијанци, Индијци и слично е скроз неприфатливо низ светот каде што овие луѓе не се само на телевизија, туку процент од популација. 

Од друга страна пак,  и ова многу држи вода.

24 септември 2018 - 11:44