
Изборот на пудра не зависи само од бојата на кожата, туку од три различни карактеристики: подтон, тон на кожата и надворешен тон. Мешањето на овие поими е една од најчестите причини поради кои бираме погрешна нијанса.
Подтонот е суптилната боја што се наоѓа под површината на кожата и останува непроменета во текот на животот. Тонот на кожата се однесува на тоа колку е светла или темна. Надворешниот тон е она што се гледа на површината: црвенило, тен од сонце, хиперпигментација, розацеа или други промени предизвикани од надворешни фактори.
Многу луѓе го мешаат надворешниот тон со подтонот. На пример, присуството на црвенило на образите не мора да значи дека кожата има розев подтон, исто како што потемнувањето од сонце не значи дека подтонот станал потопол. Затоа, при изборот на пудра, најважно е да се земат предвид вистинскиот подтон и длабочината бојата на кожата, а не привремените промени на нејзината површина.

Експертите исто така предупредуваат дека популарните методи за одредување на подтонот, како набљудувањето на бојата на вените, можат да бидат само груба насока, но не и сигурен показател. За попрецизна проценка, најчесто се препорачува анализирање на кожата во пределот на вратот и линијата на вилицата, каде што има помалку влијание од сонцето и други надворешни фактори.
Еве го видеото каде што е сè објаснето: