Прашај социопат

Првата асоцијација кога ќе се спомне социопат е задолжително филмски сериски убиец. Ама не може сите да се убијци.

Ако сте сами во соба со социопат, што би го прашале? Неодамна имавме статија што им ѕирка во главата и на нив, и на психопати (кои исто така не мора да се Џо Голдберг), а сега, на видеово има фини прашања, од како за него изгледа емпатија, до дали некогаш чувствува вина или каење.

Социопат по дефиниција е човек што нема никаков обзир ни кон себе, ни кон другите, и често е антисоцијален, неодговорен и импулсивен. Овој човек го има донесено до затвор, каде што никогаш не би сакал да се врати, па во живо, сега, се освестува дека престанал да прави и најситни криминали.

Сепак, чувство на вина и каење му е комплицирано прашање:

Види и:

Кои филмски психопати се навистина психопати?

2 ноември 2022 - 23:16