Патрик Бејтман, од „Американски психо“ е психопат за пример. Страда од претерана нарцисоидност, убива затоа што е навикнат да добива што сака и затоа што возбудата од убиството го води повеќе од било што друго во неговиот свет. За него, класификацијата е: примарна, класична/идиопатска психопатија.
Од друга страна пак, „Психо“ лично - Норман Бејтс - воопшто не е психопат. Психотичен - да, но му фалат речиси сите потребни карактеристики за да влезе во категоријата. Страда од антисоцијално и дисоцијативно нарушување на личноста (второво е подвоена личност), нема никаков шарм, ни харизма, ниту пак покажува нарцисоидност. Дијагноза: второстепена психопатија, псевдопсихопат.
Џејм Гамб од „Кога јагнињата ќе стивнат“, за кој „психопат“ ни е првото нешто што ни паѓа на памет со оглед на тоа што дереше луѓе, дели дијагноза со Норман Бејтс. Точно е дека не покажува емпатија или каење, но ги нема потребните нивоа на нарцисоидност и харизма, плус нема никаква контрола над импулс, како што би имал еден психопат. Болен - да, мртов однатре - не.
Били Лумис и Сту Маер од „Вресок“ кои за себе рекоа „Повеќе сакаме да нѐ викаат психотични“, воопшто не се во иста категорија. Сту е секако нездрав, ама асли-психопат дијагнозата е недвосмислено за Били, кој без да трепне ја лаже девојка му, повредите ги нанесува со насмевка и уживање, и сето тоа успешно успева да го скрие до самиот крај.
Френсис Долархајд, од „Црвениот змеј“ - кој успешно го долови Рејф Фајнс - живееше двоен живот - како повлечен човек од една страна и убиец со име „Забна самовила“ од друга. Не може да се етикетира како психопат од една едноставна причина: има емпатија. Поточно, длабоко и емотивно е приврзан за неговата слепа колешка, Риба Меклејн и во текот на филмот е растргнат меѓу опсесијата со трансформација и неговите многу реални чувства за друго човечко суштество.
Класификацијата се базира на тест, според кој категориите се Класична/идиопатска, мачо, манипулативна и псевдо-психопат. Мерката е во тоа колку емпатија чувствуваат ликовите, со тоа што тие кои покажуваат повеќе емпатија повеќе се движат кон дијагноза социопат.