Ниеден фризура-тренд не бил толку благонаклонет кон нашите лица како оваа прекрасна глупост. Ниедна менѓуша, ни веѓа не разубавила толку колку овие прамени божем, недофатени во репче. И еве, поминаа 20 години и можеме да си ги вратиме.
Поточно, сме можеле ние и до сега, ама на кој да му текне, од толку милиони трендови за коса што излегоа. Ама сега светкавиот Инстаграм свет се потсети на нив, без разлика што многу од тие што ги носат сега не беа ни родени кога ние ги носевме.
Ова ни беше првото контурирање, уште пред да знаеме дека постои контурирање со шминка: