Прада соработува со архитектки за 'пролет 2019'

Ревијата за колекцијата пролет 2019-та на Прада се оддржа во музејот Fondazione Prada, и како што ќе пренесат од Refinery29, „зрачеше со спојот на две уметнички форми: мода и архитектура.

Последната колекција го вклучува и проектот 'Prada Invites:’, создаден од и за жени, за соработки меѓу брендот и жени-визионери, за да „се прошири постојаната фасцинација на Прада со различните претставувања на женственоста.” И наспроти концептот на многу мажи кои раководат со модни куќи, новата колекција на Прада е истовремено силна и чувствителна. Другите куќи често ги одвојуваат овие две ствари, а Прада прави модна осмоза.

Три водечки архитектки - Чини Боери, Елизабет Дилер и Казујо Сежима ги позајмиле нивните идеи на визијата на Мијуча Прада за колекција која ги опфаќа сите аспекти на женственоста, од широки, до структурирани силуети. Боери, која дизајнира мебел креираше функционална црна чанта за следната сезона, со делови што се вадат и адаптираат во различни големини. Дилер направи торба за алишта која се преправа во фустан (и функционира и во двете варијанти) од Прада Најлон, квалитетниот и издржлив текстил на брендот; и плико ташна која личи на појас за спасување, но е истовремено скроз практична.

Сежима пак, се има посветено повеќе и на нешто позабавно: си има поиграно со бои, форми и големини за да направи ташни што личат на реквизити за базен, со имиња како 'daln' и ‘yooo.' Младешки е, и истовремено визионерски: дека модата, особено со луксузни цени - мора да вреди.

Фактот што Прада инвестира во опциите со најлон е добар знак, со оглед на тоа колку се изнагледавме кожа и ПВЦ за истата сезона - а ништо од тоа не дозволува слободно дишење на кожата. Мијуча Прада, заедно со едни од најважните женски гласови на дизајнот на 21-виот век докажува дека жените - уствари не, сите ние - сме посилни заедно.

Има ли подобар начин да се започне новата сезона?

24 септември 2018 - 12:33