Пост-пандемиската колекција на Шанел е прекрасна

Градина во пролет - тоа сака да ни каже Шанел со најновата колекција на haute couture во Париз.

Ова им е прво шоу откако почна пандемијата, и на многумина душата им доаѓа на место - се работи за ревија под палката на креативната директорка Виржини Вијар, која за есен/зима21 реши да не паѓа во несвест со елаборативни сетови: се фокусираше на суштината на она што високата мода им значи на фешнфилите - романтика.

Шоуто се случи во дворот на Пале Галиера, модниот музеј на Париз и беше многу поинтимно од спектаклите на Гран Пале (а и затворено им беше заради реновирање). Истовремено, музејот има изложба со наслов Габриел Шанел: Моден манифест, за славење на жената која „започна сѐ“ и чија работа е вечен столб на самото преживување на високата мода - дури и во најтешки времиња.

Екстериерот излезе совршен за најновата колекција. Се провлекуваа импресионистички мотиви, пастелни бои, извртени украсувања и стајлинг за забава во двор. Фала богу, некои фустани имаа и црно во вид на сатенски машни, а и самата колекција потсетуваше на слики од Моризо, потези со четка на Ван Гог и такви некои фини работи.

Имаше фустани направени од слоеви тул, како деликатни свадбени торти, еден имаше со риги од далии од шифон, пижами како неглижеа - малку плажа, малку будоар.

Ако нѐ научи нешто претходната година, тоа е дека едноставните задоволства во животот сме ги земале здраво за готово - а поедноставно не може да биде самото задоволство да гледаш облека што ти се носи кога си среќен.

Sирнете:

 

8 јули 2021 - 16:39