Портрет на Лота

Лота Хофместер од Холандија има татко филмаџија, што решил да го овековечи нејзиното растење со по едно кратко клипче неделно. Како резултат, имаме краток филм кој се работи 20 години, на кој Лота од новородено бебе постепено се претвора во 20-годишна девојка.

Авторот (и татко) Франс Хофместер сакал да ги фати тие промени, бидејќи сфатил дека многу брзо се случуваат - и како резултат добил производ кој сведочи за „еден од најмистериозните, најосновни процеси во човечкиот живот - стареењето, и процесот на растење - забрзан и ставен во 5 минути.”

Музиката е направена специјално за филмчето, и тоа од страна на Матео Месина, добитник на Греми за претходни композиции во холивудски и Нетфликс филмови.

Истовремено - еве идеја што можете да ја искористите и на себе и на вашите деца. Во моментов можеби не е толку интересно кога нонстоп се имате себеси и децата по стори на Инстаграм. Ама за 20-30 години? Веројатно ќе си бидете благодарни.

12 ноември 2019 - 14:31