Пет типови на пријатели што треба да ги избегнуваме

Да не имате работа со токсични луѓе? Ако имате, тогаш да се кладиме дека во секундава си ги набројувате во глава, пропратено со грдото чувство што ви го создаваат секогаш кога ќе ви текне на нив.

Токсичните врски знаат да бидат многу штетни за нашата целокупна психолошка состојба и многу е важно да се отфикарат со време, што е можно побрзо.

Како да ги идентификувате?

Пријателот што секогаш нешто бара
Комуницира само кога му треба нешто. Се разбира, во ред е да побараш нешто од пријателите повремено - не е точно дека „пријателите се за тоа“, ама и такви работи влегуваат во опис и попис. Ама, ако го имате тој еден „другар“ што „најмногу ве сака и сѐ ќе направи за вас“, ама некако се појавува само кога вие треба да направите „сѐ“ за него - бегајте.

Гаслајтерот
Ако нешто почне да ти пречи кај него/неа и си кажеш, тогаш обавезно „нешто погрешно имаш сфатено“ или „не е точно“ или „е баш ти него тоа му го имаш направено“. „Чао“ е супер поздрав. Патем, овде има 7 фрази што ги користат гаслајтери.

Пријателот што никогаш не ти се обраќа
Деликатна е дефиницијата, затоа што понекогаш стварно се гаѓа едниот нонстоп да предлага дружење, а другиот секогаш со задоволство да прифаќа. Животите ни се различни, приоритетите исто, ама пријателството трае. Но, да се има предвид: ако целиот товар на одржување на пријателството паѓа врз вас, ако само вие организирате, само вие давате, само вие се мачите и капак на сѐ - човекот се однесува како да ви прави услуга - бегајте. Ова е еднострана и тотално неисплатлива инвестиција.

Само за себе зборува
Ова не само што не е фер, туку е и напорно, и нема потреба да се мачите во овој однос. Никогаш нема прашано како сте, што ви се случува, дали нешто ви треба, а подлабоките нарушувања значат и тотално игнорирање на сѐ ваше, вклучувајќи и прекинување кога сакате да кажете нешто за себе, вртење на вниманието од вас кон себе и едноставно кажано - себичност. Чао.

Пријателот што ти се занесува
Ако имате чувство дека човекот спроти вас постојано бара начини да ве омаловажи или да направи да се чувствувате инфериорно, покажете му ја вратата. Нормално е да се почувствуваш како да не си на место каде што би сакал да бидеш, особено кога близок ќе добие унапредување од каков и да е тип во животот, ама ако некој активно се труди да те потсети колку е подобар од тебе, тогаш има проблем со самиот себе. Чао.

Еве, со анимација, за нештата да станат појасни:

22 септември 2021 - 08:56