Одлуката на институтот да избере две, навидум неповрзани нијанси како колективни бои за 2021 е реакција на оваа досега невидена година. Изборот го опишуваат како „брак на бои што носи порака за сила и надеж, истовремено и издржлив и ведар. „Крајната сива“ и „Осветлувачката жолта“ имаат своја намена - „Секоја од нив има сопствен емоционален аспект, со тоа што сивата е таа што поддржува и стои цврсто, како онаа практична стабилност што ни е потребна, а жолтата носи надежност, сонце и радост.“
Самата комбинација исто така дава моќна изјава - изборот да се вклучат две бои е под влијание на пандемијата и настани како протестите за Црните животи се важни во 2020.
„Нешто што е очигледно насекаде присутно, е колку сме си потребни едни на други и дека поврзаноста со другите ни дава сила и надеж, а светлото на крајот на тунелот е суштинско за да се движиме напред,“ вели Леатрис Ајсмен, извршна директорка на институтот. „Бирањето на две независни бои помогна да се пренесе таа порака.“
Претходно две бои беа избрани во 2016 - „розев кварц“ (бебешка розева) и „смиреност“ (лаванда сина/виолетова) како порака за флуидноста на родовите норми.
Минатата година беше „класична сина“ - длабока индиго нијанса за смирување на нервозните исчекувања за новата деценија, што во моментов личи дека била иронично потребна со оглед на тоа како ја почнавме декадата.
„Живееме во необично време,“ вели потпретседателката на институтот, Лори Пресман. „Дали е пандемија, или протести низ светот, се обидуваме да ја замислиме иднината додека се движиме низ овој момент во историјата.“