Памела Андерсон си продолжи без шминка и супер е

Памела и понатаму ѝ се радува на својата природна убавина и тоа особено на црвени теписи. На Модните награди во Лондон беше одлично облечена, ама лицето ѝ беше нејзиното - без додатоци.

Дури и косата ја носеше едноставно и не ѝ е прв пат. До сите весници стигна и кога беше на Париската модна недела, исто така без шминка.

„Не знам, нешто ми се случи, се облекував во оваа прекрасна облека и си помислив, не сакам да се натпреварувам со облеката,“ рече тогаш во разговор со Вог Франција. „Не се обидувам да бидам најубава меѓу присутните. Ми се чини како слобода. Ослободување.“

Рече и дека сè прави сама, без стилист, без глам-екипа, туку фристајл.

Објаснувањето е дека сака да биде пример за убавина за жени од сите возрасти.

„Се чувствувам како жена и како жена на моја возраст и жена пред очите на јавноста… И работа ми е да бидам пример за сѐ. За секакви избори. И затоа сум јас, таа што сум, во сите овие прекрасни алишта и трчам низ Париз. Без шминка е ослободувачки, забавно и малку бунтовно. Затоа што забележав дека има луѓе што посветуваат време на темелна шминка, па личи на мене да одам контра на сѐ што прават другите.“

7 декември 2023 - 14:02