Северот е прилично ладничок

Опседнат интернет по којзнае кој пат: Колкав му е на Џон Сноу?

Што не ќе се начиташ. Додека чекаме јули и нова сезона, дознавам дека интернетот веќе подолго време се бави со одредени пропорции на Џон Сноу (не на глумецот Кит Харингтон). И што е најтрагично, продуцентите реагираат на ова. (Пазете, можно е да има спојлер).

„Е па, сега толку е совршен што моравме нешто да му скратиме,“ од прилика вака изгледа изјавата на Бениоф и Вајс. „Паметен, згоден, пристоен до бескрај. Најмалку што можевме да направиме е да го оставиме со мало куре.“

И Тормунд го зезаше во една сцена. „Како може да има бог со толку мало куре?“ алудирајќи на муабетот дека Џон Сноу е одново роден Господар на светлината.

Работата околу дискусијава е толку далеку отидена, што на MoviePilot.com има и анкетче на крај:

Дали големината ќе ве спречи да скокнете во кревет со Џон Сноу? Под а) не, Кит Харингтон е тоа; под б) да, си имам јас потреби; под в) Битно е како го користи.

Ете така, тоа од прилика се важните работи, сега викендот може да почне.

2 јуни 2017 - 11:00