Официјално е: Евровизија го шие порното во популарност

Како што затвораше 65-тата Евровизија, Порнхаб пријави значителен пад на бројот на корисници на платформата за време на финалето. Од таму гледаат како големи настани влијаат на користењето на нивниот сајт и гледаноста на онлајн порното. И велат дека вечерта на 22 мај, повеќето земји-учеснички откажале љубов за 7-11%.

Според извештајот, Малта и Исланд кои се пласираа во првите десет биле најмалку загреани за порно (или бар, најнесконцентрирани) вечерта - од кај нив Порнхаб тажно ќе забележи пад од 30% за време на финалето. Веднаш зад нив е Литванија, каде што се забележало дека една петина од редовните порнољупци биле зафатени со настапот на нивните претставници. Италијаните пак, се покажале охрабрени и инспирирани - многумина (за прославување?) се вратиле на Порнхаб после победата, а во Велика Британија, разочарувањето од нулата (поени) влијаело и на посветеноста на Порнхаб после гласањето. Се мачеле до 2 сабајле, кога веќе и овенал сообраќајот на сајтот од кај нив.

Вака беше и за време на изборите во Америка во 2020, но Порнхаб си надокнади - пандемија беше.

Со оглед на колективното лигавење по Манескин, непредвидливо е како ќе се одвива порно-сообраќајот догодина кога најверојатно пак ќе настапат на Евровизија, како домаќини.

3 јуни 2021 - 00:52