NYFW со водени бои

Во море од фотографии од писти и списанија, Хан ја замислува илустрацијата како љубовно писмо, омаж и славење на дизајнот, и многу повеќе од само документирање на една комбинација.

„Едноставното присуство на една илустрација е повеќе од потребен потсетник да се направи пауза, да се погледне и размисли, па повторно да се погледне. Во последните неколку години, технологијата ја трансформираше модната и медиумската индустрија - дизајнерите прават лајвстрим од нивните ревии. Модните уредници објавуваат на Инстаграм директно од канцеларија. Модата брза. А забораваме дека е уметничка форма.”

А уметноста заслужува време, простор и контекст за да го добие потребното внимание.

За Саманта Хан, илустрацијата го открива есенцијалното, емотивното и естетското јадро, и го издвојува непостојаното. Го заробува расположението и ги истакнува деталите кои не се забележуваат така лесно - детали на боја, текстура и силуета кои придонесуваат кон едно извонредно парче облека.

Во море од фотографии од писти и списанија, Хан ја замислува илустрацијата како љубовно писмо, омаж и славење на дизајнот, и многу повеќе од само документирање на една комбинација.

За време на модната недела, Саманта Хан слика моменти од модните писти:

19 септември 2018 - 10:00