За разлика од другите производи што ги гледаме по Инстаграм, новите шампони, регенератори и третмани со кофеин во составот имаат доста јака научна поддршка.
Главниот заклучок е дека кофеинот стимулира доток на крв до скалпот, а тоа е од суштинска важност, бидејќи таа крв го храни скалпот и ги содржи сите нутриенти потребни да остане здрав. Ако не добива доволно крв, а тоа често се случува, главно поради генетика и исхрана - фоликулите и косата страдаат, па се мачиме со сувост, истенчување и губење коса. Тоа е далеку од идеално, па можеби е време да се размисли за производи што содржат кафе.
Единствениот „проблем“ е што на производите што содржат кофеин им требаат околу три месеци постојана употреба за да помогнат. И без разлика колку се налеваме со кафе, тоа не ги забрзува работите.
Околу губењето на косата: кофеинот природно го контролира ДХТ - хормонот одговорен за таа работа, а плус и поттикнува раст на косата. Затоа и по најновите истражувања, на грижата со кофеин се гледа како начин на превенција и проактивност кон подолга, погуста и поздрава коса.