Џани Марија Версаче, кој денес ќе имаше 70 години и сигурно сè уште ќе беше цар каков што го памти светот, беше убиен на 15 јули, 1997-ма, и тоа е од оние тие посебно фрустрирачки случаи каде што никој не знае зошто. Осум дена подоцна, неговиот убиец Ендру Кунанан се самоуби со истиот пиштол.

Американска крими приказна пак, почна бомбастично, покривајќи ја приказната на О.Џ. Симпсон во прва сезона, и без разлика што главниот лик го играше Куба Гудинг Џр., посебно медиумско внимание (ама веќе се навикнавме на тоа) добија ликовите Роберт и Крис Кардашијан (Кардашијан му беше адвокат на Симпсон), кои ги играа Дејвид Швимер и Селма Блер. И како секоја прва сезона во продукција на Рајан Марфи (Scream Queens, Nip/Tuck, Glee), и оваа беше ураган, што пригодно нè доведува до фактот дека втората се викаше Катрина.
Да се раскаже приказната за Версаче во денешно време кога буквално владеат играни и документарни серии на телевизија значи досега недоживеана медиумска покриеност. Ем заради интересот за приказната, ем затоа што списокот на ангажирани глумци, како и во претходните две неповрзани сезони е повторно јак. Зборуваме за Едгар Рамирез, кој ќе го игра Версаче, Пенелопе Круз како Донатела и Рики Мартин како партнерот на Версаче, Антонио Д'Амико.
И одличен кастинг е, кога ќе ги види човек:




Проблем е само што ќе се изначекаме. Серијата излегува во 2018, и тоа при крај. Затоа, да се утешиме со една ревија на Версаче од 1994-та.