Осветлени или избелени веѓи сега има на Инстаграм кај Ким Кардашијан, Лизо и Мејзи Вилијамс. Хаштагот #bleachedeyebrows стигна до 15,6 милиони на ТикТок, а пребарувањата се скокнати за 71%. Како контраст на дебелите, грмушести веѓи од последниов период, излегува дека сите сакаат да лупнат бланш на сопствените недолжни веѓи.
Модниот психолог Др. Дон Карен вели,
„Веќе не е фокусот на очите, туку на целосната личност. Го прави човекот повидлив. Одвлекува внимание од очите.“
Логикава, што знам.
Во однос на балансот на лицето и карактеристиките на кои сме фокусирани, маските сменија многу. Наметнатите маски брзо го фокусираат вниманието на очите за комуникација во јавни простори и ова донесе интензивни бои и нијанси на веѓи, шминка за очи и слично, затоа што требаше да го истакнеме она што ни остана од лицето.
Претходниве години, избелените веѓи сакаа да кажат нешто друго - како на пример кај Кети Пери на Мет Гала, Руни Мара во улога на „Девојката со тетоважа на змеј“, создавајќи нереален, малку вонземски изглед. Но, иако сега стануваат мејнстрим, експертите сметаат дека сѐ уште стои тој мрачен подтон.
Ама се мејнстрим.