Нов „Хајлендер“ со Хенри Кавил

Тажачките по новиот кастинг за The Witcher, можат да стивнат - фановите ќе добијат ново со натприроден Хенри Кавил.

EPA

Чад Стахелски, мастермајндот зад „Џон Вик“, ќе го враќа „Хајлендер“, а приказната ќе се протега низ векови и континенти.

„Ќе почнеме од раните 1500-ти до денешни Њујорк и Хонг Конг, и ќе видиме како ќе оди. Има многу опции. Има шанса да се игра лик што не можат многумина да го играат. Малку има љубовна приказна, но не така како што мислите. Со ‘Џон Вик‘ научив како да го извртам раскажувањето на приказната малку... Во друг тип на мит“, изјави Стахелски.

EPA

На Кавил му го „продал“ ликот со уникатните предизвици и можности што би ги понудила улогата.

„Му реков, имаш тип што е жив над 500 години. И ич не сака да биде во таа ситуација.“

Така, Кавил би добил можност да изгради богат лик и да искуси човек што тренирал 500 години и се занимавал со многу типови боречки вештини.

За Кавил ова е уште една масивна франшиза во портфолио, после Супермен.

25 ноември 2024 - 12:52