За последната официјална фотографија на Џон Ленон:

Никој не ја сакал Јоко Оно на насловна, ама Ленон ги отекол

Изјавата е на Ени Либовиц, за искуството баш на денот кога Марк Дејвид Чепмен реши конечно да стане популарен со тоа што ќе убие славна личност.

Ени Либовиц е еден од највпечатливите уметници на планетава, и прва жена со самостојна изложба на фотографии во Washington's National Portrait Gallery.

Една од најзначајните фотографии во нејзината кариера е следнава:

Не само затоа што се Џон Ленон и Јоко Оно во прашање, не затоа што е Ролинг Стоун, туку затоа што е сликана истиот ден кога Ленон загинува. И има приказна зад сето тоа.

„Никој не сакаше Оно да биде на корицата.“

Либовиц се обидела да направи неколку фотографии само од него, затоа што за тоа и била дојдена, но Ленон инсистирал да биде на корицата со жена му. После фото-сесијата го дава последното интервју во животот, а неколку часа подоцна и светот осиромашува за еден Џон Ленон.

Одеднаш, сликата не е само насловна страница.

„Кога ја замислив фотографијата, ги замислив некако заедно,“ се сеќава Либовиц. „И не беше тешко да се замислат голи, затоа што го правеа тоа цело време. Но во последен момент, Јоко не сакаше да се соблече. Така се роди оваа фотографија на облечена Јоко, гушната со гол Џон. И се разбира, тој беше убиен таа вечер. Ова е всушност одличен пример колку условите менуваат една слика. Одеднаш има приказна. Ја гледаш и си мислиш дека тоа е нивниот последен бакнеж, дека се збогуваат, можеш сешто да измислуваш за сликата. Неверојатно е кога има толку многу нивоа на една фотографија.“

8 јуни 2017 - 14:45